ЖивотУбави совети

Што не би требало да им забранувате на вашите деца?

Ниту еден родител на светот не е сигурен за одлуките околу воспитувањето на своите деца. Барем не секогаш. Иако многу родители мислат дека одредени ограничувања го „спуштаат детето на земја“, психолозите велат дека некои работи на децата не треба да им се забрануваат бидејќи може да го забават нивниот психички развој.

Еве што не би требало да им забранувате на своите деца:

ДА ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА

Бидејќи го запознаваат светот околу нив, нормално е да бидат љубопитни и да поставуваат прашања. Можеби некогаш немате одговор, но, оставете ги да прашуваат. Така им се буди имагинацијата, креативноста и учат како да размислуваат и да бараат одговори.

ДА ПЛАЧАТ

Не му бранете на детето да плаче и да се срами од своите солзи. Наместо да го напаѓате зошто плаче, најдете решение за проблемот кој ги предизвикал солзите.

ДА КАЖАТ „НЕ“

Вашето дете еден ден ќе биде возрасен човек и мора од малечко да научи да ги одбие работите кои не сака да ги прави. Сепак, потрудете се да го научите и што претставува компромисот.

ДА БИДАТ ГЛАСНИ

Детството е единствениот период од животот во кој е дозволено и оправдано да се прави галама.

ДА ИМААТ ТАЈНИ

Како што вашите деца ќе растат, така ќе имаат и по некоја тајна. Немојте да им ги читате дневниците и пораката, бидејќи може многу лесно да ја изгубите довербата која вашето дете ја има во вас.

ДА БИДАТ ЛУТИ

Па, и децата се луѓе со емоции. Ако вие имате право да бидете лути, зошто вашето дете не би имало?

ДА СЕ ПЛАШАТ

Сите имаме некакви стравови и тоа е нормално. Ако вашето дете се плаши од нешто, немојте да го прикажувате тоа како смешно или страшно, туку помогнете му да го надмине стравот.

 

Поврзани статии

Back to top button