ЖивотУбави совети

Три раси на кучиња кои имаат моќ да ве излекуваат од анксиозност!

Малку анксиозност е всушност пожелна, ни помага да бидеме внимателни и да избегнуваме потенцијално опасни животни ситуации.

Сепак, голема количина на анксиозност не е толку добро. Секако, полесно е да се каже отколку да се примени на дело – ослободување од анксиозност. Ако барате здрав начин да ви помогне да управувате со емоционалниот стрес и зголемената вознемиреност, нашата искрена препорака е домашни миленичиња. И не само секоја раса на кучиња. Познато е дека кучињата со векови учествуваат во разни видови на терапии за луѓе, а кучињата што ви ги претставуваме денес можат да ви помогнат да стекнете поголема самодоверба, да се чувствувате посмирени и послободни во стресни ситуации. Докажано е дека кучињата му помагаат на човекот да се чувствува помалку депресивно и отфрлено, како и полесно да остваруваат нови познанства.

Чивава со максимум 5 кг е многу шармантна раса, за која е потребно многу малку грижа и внимание. Ова куче е доволно мало за секаде да ве придружува во која било ваша чанта, ова е куче кое верно ќе ги следи вашите стапки и нема да се смири додека не види насмевка на вашето лице. Чивава е идеално милениче за да го одвлечете вниманието од вашиот внатрешен монолог.

Француски булдог е раса која добива се поголема популарност поради својот благ карактер. Кога имате лош ден, скоро е невозможно да пронајдете подобар пријател да слушне за тоа, отколку француски булдог. Тие треба да бидат обучени навремено додека се млади, по што ќе го посветат секој момент на будење за да ве направат среќни.

Кокерот е слатка раса која едноставно ги обожава децата, носи радост во секој дом со своето присуство. Експертите тврдат дека оваа раса е особено погодна за деца кои имаат проблеми со менталното здравје и емоционалните предизвици. Нивното меко крзно делува како најдобра терапија за луѓето кои се борат со анксиозност.

Поврзани статии

Back to top button