ЖивотУбави совети

Штеди денес, еден ден ќе биде доцна!

За многумина штедењето е речиси невозможна мисија со оглед на нашиот стандард и на тоа дека некогаш си дозволуваме да потрошиме повеќе од тоа што можеме да си дозволиме.

Но, има начини да заштедите, а притоа вашиот џеб тоа да не го почувствува:

  • На крајот од денот, сите монети од паричникот ставете ги настрана, во касичка или тегла. За неколку месеци ќе соберете доволно пари за да си купите нов телефон.
  • Не купувајте кафе и јадење додека сте на работа. Носете ги од дома. Ем ќе се храните поздраво, ем ќе заштедите.
  • Собирајте ги промотивните флаери од маркетите, наместо да ги фрлате. Со купување на производи кои ви требаат, а се намалени ќе успеете да заштедите неколку стотки во месецот.
  • Следете ги сајтовите кои нудат ваучери за попуст.
  • Облека и чевли купувајте на крај на сезона кога се намалени, а не на почеток на сезона кога се најскапи.
  • Наместо да купувате нова облека, направете корекции на онаа која веќе ја имате. Широките кошули и фустани кои ви се здосадени можат да бидат новите здолништа.

Поврзани статии

Back to top button