Убави книги и филмови

Човек кој чита е среќен човек

Предлог книги за убав ден:

Париз не ве остава (Елен Фелдман) Војната е завршена, но минатото никогаш не е минато. Откако ја преживеала Втората светска војна со ќеркичката Виви, работејќи во книжарница во Париз и борејќи се за својот живот, Шарлот не е жртва, туку борец за гол живот. Но, може ли да го преживее следното поглавје од животот? Како комбинација од животот во окупираниот Париз и во Њујорк од педесеттите години, книгата Париз не ве остава е неверојатна приказна за издржливост, љубов и невозможни одлуки, и проникнува во тоа како опстанокот никогаш не се случува без одредена цена. „Прекрасна приказна што го дава она за кое сите сме гладни: интелигентен и комплексен женски лик кој ги предизвикува нашите замисли за праведно и неправедно, моралност и неморалност. “Елизабет Џ. Чрч, авторка на Атомската тежина на љубовта„Со гаранција ќе ве следи уште многу време откако ќе ја свртите и последната страница. Јас лично ја проголтав.“ Стејси Шиф, авторка на Клеопатра„Несопирливо четиво… раскошен мевлем за умот со кој располага само најубавата книжевност“.Лиса Гајленхал, авторка на Локално знаење „Длабок, раскошен и живописен свет на занимливи ликови и емотивни и морални кризи.“Фред Ален, главен уредник во „Форбс“

Очи на темнината (Дин Кунц) „Еден кинески научник по име Ли Чен избега од Кина во Соединетите Американски Држави и со себе донесе дискета со записи за најважното и најопасното ново кинеско биолошко оружје во целата деценија. Материјалот го викаат ’Вухан-400‘, бидејќи е развиен во нивните лаборатории за рекомбинирање што се наоѓаат околу градот Вухан…“ Единаесетгодишниот син на Тина страда во сообраќајна несреќа. Една година потоа, таа почнува да забележува чудни напишани пораки што велат дека Дени сè уште е жив.Тина е поранешна танчарка во Лас Вегас, а сега е успешна кореографка. Елиот, адвокат и пријател на сопствениците на театарот во кој работи Тина, забележува дека нешто необично се случува со неа. Наскоро, во вртоглавиот развој на настаните, и двајцата се принудени да спасуваат жива глава.

Сплеткарот Купидон (Џина Ардито) Понекогаш дури и на Купидон му треба малку помош…Виви Максвел ја води агенцијата „Купидон по порачка“ во Њујорк, која нуди уникатен сервис за изнајмување придружници. Кога богатата и згодна клиентка Ева Федерстон ќе им се обрати за да ù најдат придружник за зимската сезона во Менхетен, таа фрла око на најдобриот пријател на Виви, Себастијан Лоренс, познат како Бас. И Виви и Бас претходно се имаат изгорено во љубовта и не ни помислувале дека нивната врска може да биде повеќе од платонска. Но, наметнувањето на Ева го освестува Бас, терајќи го да сфати дека е, всушност, вљубен во својата најдобра пријателка – Виви. Сега, со помош на Ева, тие прават секакви сплетки за да ù помогнат на Виви да ја препознае љубовта што ја барала целиот свој живот, а, всушност, била постојано покрај неа…

Поврзани статии

Back to top button