Често ви се случува да заборавите некој роденден или обврска?
Дали заборавате? Дали често ви се случува да заборавите некој роденден или обврска? Дали некогаш сте влегле во кујната и не сте знаеле за што сте влегле? Оваа заборавеност нема никаква врска со годините или со полот, и не е предодредена од големината на мозокот. На оваа состојба најмногу влијае начинот на живот, и со текот на времето се опуштивме и “заборавивме” да го користиме мозокот. Ако го заборавите името на актерот од вашата омилена серија или филм, полесно е да го земете телефонот и да погледнете преку интернет отколку да го се потрудите да се присетите. Нели?
Сите сме родени со одредена количина на неврони, а стареењето го намалува бројот на нервните клетки. Сепак, новите истражувања велат дека допаминот може да предизвика формирање на нови неврони во мозокот на возрасен човек. Значи, допаминот е поврзан со мозокот, што значи дека се уште постои надеж за подобрување на неговата функција.
Еве како да го подобрите вашето здравје и функцијата на мозокот!
Вежбајте го мозокот. Читајте, решавајте крстозборки и учете секојневно по нешто ново.
Тренирајте поради тоа што физичката активност е исклучително важна за здравјето на мозокот.
Јадете храна полна со Омега 3 масни киселини, непреработена и органска.
Дружете се, оти дружењето и комуникацијата со други луѓе е потреба за стимулација на мозокот.
Испробувајте нови работи, научете нов јазик, нова песна или научете да свирите на некој инструмент.