МодаУбави совети

Чевлите кои мора да ги имате оваа пролет

Оваа сезона ни донесе еден многу интересен и специфичен тренд кој жените го прифатија и го обожаваат.

Станува збор за везените цветови, кои оваа пролет ги гледаме насекаде, на кошулите, фустаните, здолништата, фармерките, чантите, па дури и на чевлите.

Чевлите со везени цветни мотиви се навистина ефектни и ќе и дадат живот и разиграност на монохроматската комбинација на облека или на еднобојниот аутфит. Ваквите модели на чевли совршени се за да ги комбинирате со едноставна облека, како фармерки и бела кошула, фустан кошула во една боја или долг црн фустан. Само одберете го моделот кој најмногу одговара на вашата градба на тело и стил на облекување и подготвени сте за освојување на погледи. 🙂

Поврзани статии

Back to top button