ДомУбави совети
Фотографиите нека не останат во минатото!
Се вели дека една фотографија носи безброј спомени. Но, како поминува времето и како оди технологијата напред со дигитални апарати и модерни смарт телефони ние се оттргнуваме од навиката за изработка на фотографии.
Потсетете се на она прекрасно чувство кога со нетрпение се чекаше ред кај фотографот за да ни изработи фотографии и да уживаме во забележаните уникатни моменти. Одберете големи рамки за на ѕид во кои ќе можете да ставите повеќе фотографии од убави случувања. Украсете го домот со фотографии кои ќе ве полнат со позитивна мисла кога и да ги здогледате. Фотографијата ги чува сеќавањата на драги луѓе, на убави моменти и евоцира спомени.