Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Избравме една романтична драма која ќе ви ги насолзи очите.
Филмот “Me Before You“ е сниман според истоимената книга на Џоџо Мојес. Филмот е режисерско деби на Теа Шерок, а главните улоги ги толкуваат Емилија Кларк и Сем Клефин.
Филмот е приказна за љубовта на двајца млади луѓе. За желбите. За откажувањето од животот. За болката која понекогаш треба да се сокрие од очите на саканиот. За смислата на постоењето.
Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ве натера на размислување… Што сè би направиле за човекот на вашиот живот, знаејќи дека и покрај тоа вашето срцето ќе биде скршено?