Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Одбравме драма со комични елементи која ќе ви покаже дека иако со некои луѓе нé поврзува крвно сродство, со нив никогаш нема вистински да бидеме поврзани.
Реј одлучува да го промени полот и од девојче да стане момче, а неговата мајка Меги е приморана да го убеди неговиот татко кој не го видел уште од бебе да потпише согласност за промената на полот…
Филмот “3 Generations“ е режиран од Геби Делал, а главните улоги ги толкуваат Наоми Вотс, Ел Фенинг и Сузан Сарандон.