Убави книги и филмови
Филм за убав ден
Нашиот предлог филм за денес е романтична комедија која ќе ви покаже дека понекогаш не оди сè по планот…
Филмот “The Five-Year Engagement“ е режиран од Николас Столер, а главните улоги ги толкуваат Џејсон Сигел, Емили Блант и Крис Прат.
После една година врска, Том ја бара својата девојка за сопруга и никако да закажат свадба. Верени се неколку години, а за тој период ќе бидат сведоци на чудни, но и на урнебесно смешни настани…