ЖивотУбави совети

Урми и ореви, кој може да одолее?

За викендот да биде убав подгответе убава торта со урми и ореви.

За тесто: 10 белки се матат со 300гр шеќер, се додаваат 300гр сечкани ореви. 100гр урми исечкани се мешаат со 4 лажици брашно па се додаваат во смесата за тесто. Откако ќе ја соедините смесата во подлабоко тавче прелијте ја и печете ја околу 40минути.

За фил: 10 жолчки се матат на пареа со 10 лажици шеќер, 100мл млеко и 1 лажица брашно. Откако ќе се свари смесата се трга од оган и се додава 100гр стопено чоколадо и една лажица какао. Кога смесата ќе биде ладна се додава 250гр изматен путер и се филува.

 

Поврзани статии

Back to top button