МодаУбави совети

Улиците се најважните модни писти!

Последниве неколку години со појава на трендот на модно блогерство, вниманието на јавноста освен кон модните ревии и недели е свртено и кон улиците, тротоарите и плоштадите на светски метрополи каде девојките го покажуваат својот стил и нудат одлична модна инспирација.

Денеска, го одбравме најдоброто од уличната мода за оваа сезона. Влијателните блогерки најавуваат колоритна есен. Црвените чизми ќе бидат голем хит, особено доколку се над колена. Светкавите детали ќе бидат особено актуелни. Ќе се носат огромни џемпери и капути кои изгледаат како да сте ги позајмиле од некој. Иако важат за летни, лелеавите материјали ќе бидат во фокусот оваа есен. Не се плашете да комбинирате тенок и дебел материјал и ептен контрасни бои. Носете силни нијанси!

Инспирирајте се од овие храбри девојки!

Поврзани статии

Back to top button