Тука се најголемите лаги за љубовта и сродните души…
Сите односи бараат енергија и време, посветеност и одлучност. Понекогаш идеална врска бара жртва во други полиња. Можеби ќе треба да потрошите помалку време во исполнувањето на вашите секојдневни активности за да посветите поголемо внимание на вашиот партнер, да планирате заеднички активности и да научите да правите компромис.
Љубовта бара постојана грижа и инвестиции. Но, не смеете да ја занемарувате сопствената душа!
“Најголемите митови за љубовта:
“Сродните души не се расправаат”
“Оние кои се сакаат се секогаш романтични”
“Сродните души мораат постојано да размислуваат исто”
“Заедничките проблеми ќе се решат сами од себе”
“Сродните души го говорат секогаш она што го мислат”
“Сродната душа ќе те сака без обзир на се”
Не верувајте во овие заблуди, не залажувајте се. Совршен однос не постои, научете да прифаќате различности и љубете се силно!