ЖивотУбави совети

Тропски коктел за убав ден!

Ако сакате кокос, имаме совршен рецепт за вкусен коктел Пина Колада. Еден од најпопуларните коктели, Пина Колада, е основан во 1957 година во Порторико. Како и повеќето други коктели и за овој има многу варијации и може да биде подготвен со различни адитиви, но кокосот е суштински елемент на овој пијалок. Тропскиот мирис дефинитивно придонесува за вистиснко уживање, а ние ви нудиме лесен рецепт со чија помош во домот ќе се чувствувате како на плажа.

Подгответе:

25 мл кокосово млеко (или крем), 100 мл сок од ананас (најдобро свеж), 30 мл бел рум и 30 мл темен рум.

Подгответе блендер или шејкер и ставете неколку коцки мраз, а потоа додадете рум, сок од ананас и на крај кокосово млеко или крем. Измешајте ги сите состојки во блендерот со голема брзина. Истурете го коктелот во висока стаклена чаша која претходно сте ја изладиле во фрижидерот и декорирајте ја. За декорација ви предлагаме да користите три парчиња ананас исечкан на триаголници или коцки и да додадете цреша. Вашиот коктел е подготвен и можете да уживате во прекрасниот тропски вкус!

Поврзани статии

Back to top button