Од насУбави муабети

Тој ќе биде најдобриот татко на сите времиња!

Кога мислам на тебе, мислам на среќа. При секоја помисла спокој и пеперутки убави јас чувствувам. Мислам на убавите моменти кои ги доживеавме. Таа помисла ме прави посебна. Но, мислам и на моментите кои допрва ќе ги доживееме. Мислам и се радувам. Се радувам како мало девојче на кукла што се радува. Мислам, мислам и си го замислувам девојчето што сакам да ти го родам. А, мислам и на момчето. Тоа си замислувам да личи на тебе. Мислам на деновите кои прегрнати заедно во постела ќе ги пречекуваме. Мислам и на вечерите во доцните часови кои со моите две раце вечера ќе ти приготвувам. Со тие две раце со кои постојано те прегрнувам. Мислам како со бакнежи ќе ме успиваш. Мислам дури и како ќе ја разгалуваш нашата ќерка. Како ќе ја гушкаш и галиш како мене што ме разгалуваш кога не ми е арно. Кога стомакот или главата ме болат. За некоја среќа во таа несреќа тоа е баш често. Во целата таа болка ти правиш јас да уживам гледајќи те како ме разгалуваш, како се грижиш. Не само што мислам, јас знам дека ти ќе бидеш најдобриот татко на светот. Постојано мислам на тебе. Постојано мислам на деновите што следат. Сакам заедно да го испратиме стариот и пречекуваме секој нов ден. Си велам ако е вака како што замислувам животот убав со тебе нека биде до последен здив.

Поврзани статии

Back to top button