Од насУбави муабети

“Времето поминато со тебе ми покажа што всушност недостига во мојот живот.” Николас Спаркс

Николас Спаркс е писателот кој го освои светот со своите приказни кои се раскажани на прекрасен начин. Секое негово дело ќе ве допре и замисли. Денес одбравме неколку цитати од негови познати книги кои ќе ве потсетат дека не смеете никогаш да заборавите дека единствено љубовта е важна!

“Без тебе во моите прегратки, јас чуствувам празнината во мојата душа. Во гужвата го барам твојот лик – знам дека е невозможно да го видам, но не можам да си помогнам.”

“Соништата кои не се исполнуваат се уништувачки. Но, едноставните соништа често се болни бидејќи се лични, погодени и остварливи. Секогаш си блиску да ги достигнеш, но никогаш не си доволно блиску да ги задржиш и тоа е доволно за да ти го скрши срцето.”

“Вистинската љубов е ретка и тоа е единствено чувство која му ја дава вистинската смисла на животот.”

“Чувството кое може да ти го скрши срцето е истото кое ти е потребно за да заздрави.”

“Конечно сфатив што значи вистинската љубов… Љубовта значи да се грижиш повеќе за среќата на другиот отколку за твојата, без разлика колку и да боли изборот со кој си се соочил.”

“Колку е поголема љубовта, толку поголема е тагата кога ќе дојде крај.”

“Некогаш ќе мораш да се разделиш од луѓето кои ги сакаш, но со тоа нема да ти се намали љубовта кон нив. Тогаш ќе сфатиш дека ги сакаш многу повеќе.”

Поврзани статии

Back to top button