Од насУбави муабети

Тој ми ја сака душата, не само телото!

Се заљубив во него оти ми ја сака душата. Ме сака безусловно. Тој ги прифати сите мои мани, недостатоци и несовршености, создаде во мене чувство дека вреди да го имам.

Се заљубив во него оти тој се бори за нас, и покрај сите потешкотии и бури што ги носи животот. Тој ја сфаќа и прифаќа мојата лудост. Ме смирува кога се чувствувам вознемирена, тој разговара со мене со очи полни љубов после бурна расправија.

Се заљубив во него оти тој ги цени моите желби и напори, ми дава поддршка и сила да ги остварам сите мои планови. Тој е блиску до мене до крајот на денот, од почетокот на денот. Тој би направил се за мојата насмевка, за мојот мир и мојата среќа.

Се заљубив во него оти кога ме бакнува се чувствувам како да сум единствена жена на светов. Тој е мојот најдобар пријател и љубоник во исто време. Тој јаде чоколадо со мене во вечерните часови оти знае дека ми е омилено. Разговара со мене со часови за нешто што воопшто нему не му е важно, само оти мене ми е.

Се заљубив во него оти умее да ми прости. Оти јас сум му најважна, една и единствена. Тој ми создава спомени вредни за паметење, ноќи и утра за прераскажување.

Се заљубив во него оти ги отстранува сите мои грижи и солзи, ги намалува сите мои болки и сомнежи. Тој ги разбира сите мои промени и ги прифаќа. Тој ме прави среќна, ме задоволува и ме разубавува!

Поврзани статии

Back to top button