Од насУбави муабети

Вие слободно озборувајте, јас ќе ви давам теми за муабет!

Заминав да работам на еден проект надвор од земјава за период од месец и половина.

Се враќам, мислам се по старо… Но, кога слушнав, не им верував на ушите…

Некогашните грижливи комшики создале приказна. Сум се омажила! Ама, сега штом се вратив, можеби сум се разведила.

Некогашните љубезни колешки помислиле дека сум тешко болна, па сум заминала на лекување во некоја европска болница…

Се изнаслушав секакви муабети: некои мислеле дека работам во Германија, други мислеле дека работам на брод како танчерка, трети мислеле дека отидов да догледам некој стар дедо во Австралија. Некои мислеле дека сум заминала бегалка од дома и сум се омажила за човек на иста возраст како и татко ми.

Слушам, и си велам: „Дали сте вие нормални?“

Па, зар немате сопствен живот, па интересен ви е мојот? Ви завидувам на имагинацијата, одлични приказни сте смислиле. И, не, не заслужувате да знаете каде сум, со кого и што правам. Вие и онака тоа ќе го претпоставите!

Па, „пријателки“, слободно озборувајте, јас ќе ви дадам теми за тоа. Еве, само што чекирав авионска карта и почнав да се пакувам.

А, тоа каде ќе одам, оставам на вашата развиена фантазија.

Поврзани статии

Back to top button