Торта со свежи банани, одлична идеја!
Потребни состојки:
За пандишпан: 8 јајца, 10 лажици мелени ореви, 6 лажици лебни трошки.
За фил: 300гр еурокрем, 500гр слатка павлака, 3 кутии плазма бисквити, 1кг банани, 100мл темен газиран сок и 150мл млеко.
Започнуваме со подготовка на пандишпанот. Со миксер ги матиме јајцата и шеќерот. Ги додаваме мелените ореви и лебните трошки и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Смесата за пандишпанот ја ставаме во тава за печење, обложена со хартија. Ја ставаме тавата во рерна и печеме 30 минути на 180 степени.
Започнуваме со подготовка на филот. Со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната цврстина. Пандишпанот го сечеме на половина по широчина. На послужавник ја ставаме првата кора и ја попрскуваме со газиран сок. Потоа кората ја премачкуваме со ерокрем. Врз него нанесуваме од изматената слатка павлака. Плазма бисквитите ги потопуваме во млеко и ги редиме врз слатката павлака. И врз висквитите редиме слатка павлака. Бананите ги лупиме и ги сечкаме на кругови. Кругови банани редиме врз слатката павлака. Врз бананите премачкуваме со слатка павлака. Ја ставаме втората кора пандишпан, попрскуваме со останатиот газиран сок и целата торта ја премачкуваме со слатка павлака. Со останатиот дел од слатката павлака ја декорираме тортата од страна и на горниот дел. Горниот дел од тортата го декорираме со свежо овошје по желба.
Добар апетит.