Од насУбави муабети
Така во скутот на баба ми…
Лицето на зборовите
Кога ја прашав баба ми
како да го запаметам
лицето на зборовите,
таа како да се врати
некаде оддалеку,
ме гушна и ми рече:
Нивното лице не е едно,
како и нашата мака
што не е само една
и не е само за еден!
Така во скутот на баба ми,
на нејзината шарена скутина
ја запознав мојата татковина.
Петре М. Андреевски