Од насУбави муабети

Кое прашање ги излудува мажите?

Бидете искрени, колку пати до сега на партнерот сте му го поставиле ова прашање? Не е важно, нели?! Но, после немој да се прашувате зошто тој повеќе не е со вас. Едноставно, немојте да го тргнете од себе и научете дека некои прашања не вреди да се изустат или дека не заслужуваат одговор!

Никогаш немојте вашиот сакан да го прашате во кој правец оди вашата врска! Зошто? Затоа што мажите едноставно на друг начин го перципираат тоа прашање. Иако вие не сте го кажале со лоша намера, или не сте сакале да го ставите во кафез едноставно мажите не сакаат да ги форсирате на иднина. Тие живеат сега и тука!

Колку и да зборуваат дека се посилниот пол, вистината не е на нивна страна. Така е и со иднината, не дека не се сигурни дали ве љубат и дали сакаат иднината да ја поминат со вас, туку само се плашат од тоа дали ќе можат тој товар да го доносат на своите рамена. Затоа е подобро некои работи да ги премолчите. Мудрите жени секогаш поминуваат полесно и подобро. Доколку сметате дека тој е вашата сродна половина нека умот ви работи пред јазикот! Среќно!

Поврзани статии

Back to top button