МодаУбави совети
Сукњите кои ги носевме во средношколските денови се повторно во мода!
Сукњите ни се најверни пријателки за време на високите летни температури. Она што е интересно оваа сезона е тоа што во тренд се сукњи кои на сите повозрасни ни се многу добро познати. Ги носевме како тинејџерки, а доколку линијата ни го дозволува тоа можеме да ги носиме и во триесетите и да се чувствуваме подмладено и разиграно. Погледнете ги фотките во продолжение, знаеме дека ќе ве навратат во времето кога најголемата грижа ви била што да облечете, уживајте!