ЖивотУбави совети

Штангли со капини и малини за вкусен понеделник!

За вас и вашите блиски одвојте време и подгответе вкусен десерт. Наш предлог рецепт е штангли со капини. Нека започне работната недела слатко!

Потребно време за подготовка 50 минути!

Состојки:
50 гр мелени ореви
180 гр шеќер
1 лимон
6 јајца
150 гр путер
90 гр брашно
2 лажици рум
180 гр мармалад од капини
180 гр мелени ореви
100 гр малини

Подготовка: Јајцата се кршат и се делат белките од жолчките. Се матат белките со миксер. Во садот се додава половина од шеќерот и се мати се додека не се растопи шеќерот. Потоа се додава брашното и 180гр мелени ореви. Се ренда кората од лимонот, се додава во сесата и се меша додека не се соедини. На оган се топи путерот и се остава да се излади, а потоа се додава во садот на приготвената смеса заедно со румот. Тавчето за печење се премачкува со масло и се набрашнува. Се пече 15 минути на 200 степени. Жолчките се матат со миксер заедно со преостанатиот шеќер. Во смесат се додава повторно рендана кора од лимон и приготвената смеса се прелива врз веќе испечената и повторно се враќа во рерна. Се пече уште 15 минути на 180 степени. Од кога ќе се излади колашот се вади од тавата, се премачкува со мармаладот од капини па се попрскува со 50 гр мелени ореви и свежи малини. Се сече колачот на штангли или по желба.

Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button