Седум знаци дека таа е пријателка за цел живот
Може да имате многу пријателки, но само една е вистинска и за цел живот. Иако со повеќето од вашите пријателки, ги споделувате речиси сите детали од вашиот живот, знаете непогрешливо дека една е таа, највредна, најверна на која секогаш може да се потпрете и да се доверите без тропка страв.
Постојат работи кои го одвојуваат пријателството кое е за цел живот:
1. Секогаш ве поддржува, но ако не сте во право, ќе биде искрена со вас. Искреноста е важна во вашето пријателство, оти не е пријателсто само да ве утешува за да не ви е тешко.
2. Немате проблем да зборувате за фасцинантни теми. Можеби за некој да се отвори е чувствителна работа, но не и за вас две. Истото важи и за сите други теми.
3. “Внимава” на момците со кои излегувате. Вистинскиот пријател ја превзема улогата на родителите и се грижи да не бидете изневерени и повредени.
4. Не се осудувате една со друга. Вистинската пријателка нема да ве осуди, таа секогаш ќе се обиде да ве разбере и да ве поддржи.
5. Само таа ве видела потиштена, скршена и додека плачете. Пред неа не морате да ги криете солзите. Имате толку многу доверба во неа, не се срамите да плачете пред неа и да си ја олесните душата.
6. По подолго одвојување продолжувате каде што имавте застанато, како да сте виделе вчера.
7. Се случува во исто време да го кажете истото. Вие имате станато толку блиску што се допирате една со друга со мислите, или дури размислувате исто.