ЖивотУбави совети

Само најдобрите љубовници ги имаат овие две особини, а вие?

Колку често водиме љубов има врска со тоа какви луѓе сме, а новото истражување откри дека луѓето кои имаат две специфични карактерни црти имаат и најбогат сексуален живот.

Во истражувањето објавено во списанието „The British Journal of Psychology“, учествувале испитаници без романтични партнери, 192 слободни жени и 105 слободни мажи.

Учесниците мораа да одговорат на низа тестови за да ја утврдат врската помеѓу алтруизмот, односно однесувањето насочено кон помагање на другите во кое не се очекува награда од другите и колку некој е успешен во љубовта, врските и сексуалниот живот.

Истражувањата покажаа дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите луѓе и се најзадоволни од својот сексуален живот. За машките испитаници, ова вклучува повеќе необични сексуални партнери.

Студијата не одговори што ги мотивира испитаниците да им помагаат на другите, но без разлика на тоа, добиените резултати се уште еден доказ дека добрината и несебичноста секогаш се исплатат. Дека добрината и несебичноста се привлечни особини во сексуална смисла е видливо и во историјата, поточно од времето на ловџиско-собирачкото општество кога мажите кои великодушно го делеле пленот со целото племе биле најпосакуваните животни партнери на жените.

Поврзани статии

Back to top button