Од васУбави муабети

Само една душа, ќе те научи што е љубов…

Кога ќе ја поминеш онаа фаза на душевен раст, кога бараш што заслужуваш…Ќе сфатиш дека најубавите нешта, доаѓаат самите. Ќе сфатиш дека она што е вредно и суштински важно, никогаш и не треба да биде лесно. Затоа и постојат сите возможни искушенија. Ќе ти каже некој или ќе прочиташ безброј мудрости како душите се наоѓаат. Да. Никој нема да излаже. Само…некогаш во некои постоења се разминуваме. Недоволно силни, недоволно свесни. Еден ден ќе седнеш во празна соба. Нема да има ниту еден туѓ звук… Само твоето срцебиење. И ќе знаеш дека сите оние ликови кои поминале во твојот живот, само биле лекции. И многу ќе те научат за откажувањата, за стравовите, за храброста, за почитувањето… А само една душа, ќе те научи што е Љубов. Сѐ друго ќе изгледа како бледа копија во споредба со магијата која ти ја стопила душата. Ете… Такви сме. Бараме, додека не нѐ најде. А тогаш…треба да се бориме.

Маја Спасовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

 

Поврзани статии

Back to top button