Само вака ќе пораснете ментално силно дете!
Овие правила гарантираат дека ќе подигнете вистински мал гениј. Еврејската култура се залага за начин на воспитување заснован на пофалби на децата и малку поинакви принципи од оние на кои сме навикнати. Поради правилата кои строго се почитуваат, децата кои растат почитувајќи ги овие правила, прераснуваат во самоуверени и успешни луѓе.
Еве 7 златни правила:
1. Не создаваат комплекси кај детето
Никогаш нема да му кажат на своето дете – не си го направил тоа добро, тие наместо тоа ќе кажат – како може добро дете како тебе да направи нешто толку погрешно? „Моето дете нема и не може да има мани“ – ова е ставот на мајките Евреи. Можеби ќе ги видат, но никој друг нема да знае.
2. Разумна слобода
Современото еврејско образование комбинира две навидум контрадикторни работи: слободата на детето и строгите правила. Нема да полудат ако детето направи некоја беља, но детето добро ќе знае до каде може да стигне. Со кажување и објаснување се постигнува добар баланс во образованието.
3. Го фалат своето дете колку што е можно почесто
Родителот треба да го пофали детето и за најмалите достигнувања. Ако се обидеме да ги забележиме сите добри работи кај децата, вклучително и „мали нешта“, и да ги охрабриме во секоја прилика, тоа може радикално да го промени нивното однесување. За да им ја зајакнете желбата за успех и да им ја зајакнете самодовербата, дозволете им да „прислушуваат“ и да слушаат кога ги фалите на вашите пријатели. Ова ќе има исклучително позитивно влијание врз нив.
4. Со нивниот пример тие ги учат децата што е добро
Децата го имитираат она што го гледаат, затоа родителот мора да биде добар пример.
5. Љубовта и почитта во семејството се гаранција за менталното здравје на детето
Се почнува од семејството, таму детето ги стекнува првите навики. Доколку порасне во средина исполнета со љубов и хармонија, големи се шансите да прерасне во личност со многу самодоверба. За детето да биде ментално силно, мора да има хармонија меѓу родителите.
6. Подобрете ги родителските вештини
Во обид да воспитаат успешни и независни деца, еврејските психолози развија цел систем на образование, со кој секој може да се запознае на специјални курсеви за родителство. Воспитувањето на малку гениј започнува со обуката на родителите. На овој начин ќе му дадете пример на детето дека постојаното учење е клучот за успехот.
7. Научете ги децата правилно да го користат своето време
Еврејските деца не знаат што е мрзеливост и празни муабети. Часовите по виолина, англиски јазик, математика, децата се навикнати уште од мали нозе на тоа дека е нормално постојано да се занимаваш со работа.