ЖивотУбави совети

Брз рецепт за тортички со сирење и моркови

За кога немате идеја што да направите за вкусен и здрав оброк ова е супер интересн рецепт кој ќе ве освои од прва. Подгответе брзи солени тортички со моркови и сирење.

Потребни состојки: готово лиснато тесто, 10гр путер, 120гр моркови, 80гр сирење, 2 жолчки, 2дл павлака и малку сол.

Подготовка: Тестото оставете го да се одмрзне па малце расукајте го и поделете го на 4 дела. Прекријте четири калапчиња за тортички со тесто. Загрејте го путерот и на него пропржете ги исечканите моркови, посолени на тивок оган околу 7 минути. Наполнете ги калапчињата со морковите и со сирење на коцки. Изматете 2 жолчки заедно со павлаката и со оваа смеса надополнете ги калапчињата. Печете ги на 180 степени околу 20 минути.

Поврзани статии

Back to top button