ЖивотУбави совети
Салата која заменува оброк – манго, пршута и марула!
Сезоната на салати кои заменуваат оброк започна, па за денес ви подготвивме рецепт за вкусна зелена салата со пршута и манго. Рецепт во продолжение:
Потребни состојки:
100 гр зелена салата,
30 гр горгонзола,
30 гр манго,
30 гр пршута,
0,5 дл маслиново масло,
сол,
сок од лимон
ПОДГОТОВКА:
Ова јадење е многу лесно за подготовка и не ви треба големо кулинарско искуство. Прво треба да се соединат зелената салата и горгонзолата, а потоа да се прелие со сок од лимон и маслиново масло. На крајот додадете сол. Салатата послужете ја на средината на чинијата, а над неа ставете ги пршутата и мангото, претходно исечени на тенки мали ленти. Идеален оброк за лесна вечера.
КАЛОРИИ: 316 kcal