ЖивотУбави совети

Решете го проблемот со желудочните киселини!

Враќањето на желудочната киселина кон хранопроводот е проблем кој го мачи секој петти човек, а една нова студија открива дека овие тегоби значително може да се ублажат со одреден начин на исхрана.

При вакви проблеми, се верува дека од исхраната треба да го исфрлите лукот, кафето, алкохолот, доматите и пиперките. Меѓутоа, едно ново италијанско истражување покажа дека доколку ве мачат киселини треба да го намалите внесот на месо и млечни производи, а што повеќе да внесувате зеленчук, мешункасти и јаткасти плодови и маслиново масло. Во текот на истражувањето биле следени повеќе од сто лица кои имале проблеми со киселини во стомакот и надуеност, а најдобри резултати постигнале оние кои од исхраната го исфрлиле белото брашно, млекото, месото и шеќерот, а не оние кои го исфрлиле кафето, лукот и алкохолот.

Научниците кои го воделе ова истражување советуваат дека при киселини не треба веднаш да посегнете по таблети за смирување на желудникот. Доволно е да се напиете чај од нане во кој ќе додадете половина лажица мелено мускантно оревче.

Поврзани статии

Back to top button