МодаУбави совети

Ви недостига инспирација за првите есенски комбинации?

Погледнете ги трите познати дами. Плакарите им се преполни со есенска гардероба, но тие сепак не се откажуваат од летните омилени парчиња. Смислено ги комбинирале во есенскиот аутфит. А она што им е заедничко е тоа дека сите ставиле акцент на класичен стил.

Ако немате инспирација за првите есенски денови, погледнете ги познатите дами.

Оливија Кулпо 

Омилените маици со принт и панталоните кои се докажани дека ви се верни иако сте ги носеле во текот на целата годината, се одлична основа за повеќето есенски комбинации. Оливија им додаде класичен мантил. Истиот ефект ќе се постигне и со јакна.

Миранда Кер

Весел летен фустан во дамски стил е доволно импресивен и женствен, па на есен можете да го комбинирате со тексас јакна која се покажа како неизбежно парче во женскиот гардеробер.

Карли Клос

Тексас од глава до пети. Одлична идеја. Закопчете ја кошулата која што ја носевте летото преку маичка од крај до крај, облечете се во фармерките кои совршено ви стојат и качете се на високи чевли или на кратки чизми наместо на сандали. За овој аутфит, фармерките треба да бидат секогаш темни.

 

Поврзани статии

Back to top button