Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Христина Мандилова

Рецепт за убав ден ден за читателите на ubavo.mk денеска споделува Христина Мандилова, пирсинг артист и креативна мајка.

Рецептот е едноставен: детска смеа на тони. Изминативе 20 месеци така се будам, поголемиот дел од денот така го поминувам и најчесто така го завршувам. Работата како пирсинг артист во тату и пирсинг студиото Штрумфовски не ми одзема многу време од денот, па можам да си дозволам да сведочам на сè ново што ќерка ми со радост ќе го осознае и научи. А, има ли нешто поубаво од детската радост? Од таму доаѓа идејата за привремените тетоважи кои ги изработувам. Станува збор за светкави тетоважи што траат на кожата до 7 дена и се изработуваат во различни бои. Материјалите за изработка се високо квалитетни од британско потекло и се регистрирани во FDA. Безбедни се и за најмалите. Имав можност да го работам истото во друга земја и слободно можам да кажам дека децата ги обожаваат.

А, тоа што јас го обожавам и што секогаш ми го разубавува денот е времето поминато со позитивни и креативни луѓе, вкусната и здрава храна, прошетките во природа, авантуристички патувања, добар филм или книга. И, плажа. Имав среќа досега да имам многу денови поминати на плажа и се надевам на уште многу повеќе. Од моето искуство секој ден поминат на плажа е убав ден.

Поврзани статии

Back to top button