Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Серџо Спасов

Познатиот фитнес тренер Серџо Спасов го споделува неговиот рецепт за убав ден…

Ранобудник! Станувам пред сите дома и ги будам со моето спремање на првиот оброк, најважниот во денот. Смуди за добро утро и за сила и енергија за сè што следи.  Авокадо, малини, капини, чиа, какао и млеко од бадем. Денот може да почне. Тренинг со клиенти, совети, истегнување, кардио и сè што е потребно за исфрлање на негативност. Следуваат уште неколку силни, чисти и здрави оброци, се јадат салати, риба и сè што е свежо. Денот се поминува со позитивни луѓе. Луѓе што не се срамат да кажат шала на твоја сметка. Насмевката е битна! За навечер среќни да си легнеме. Со молитва и благодарност за сè што имаме.

Поврзани статии

Back to top button