Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Игор Марков

Денеска со вас својот рецепт за убав ден го споделува уникатниот и талентиран Игор Марков.

Убав ден за мене значи исполнет ден. Мојот динамичен карактер има потреба времето да му е пополнето. Идеалниот ден за мене значи збир на активности кои резултираат со продуктивно трошење на времето и дел поминат со пријатели и блиски фамилијарни членови. Бидејќи сум навистина вљубен во модата не поминува ден, а да не пролистам моден магазин, модно размислувам и скицирам некоја идеја. Креативната идеја која тлее во мене едноставно имам потреба да ја ослободам. Омилена форма на социјализација ми е без дилема вечера во некој фин ресторан или ланч бар во комбинација со коктел и друштво од близок пријател со кој можеме да дискутираме и анализираме се и сешто. Посета на некоја галерија или музеј од областа на уметности исто така би допринела во голема мера во тоа што значи за мене квалитетно поминат ден.

Поврзани статии

Back to top button