ЖивотУбави совети

Рецепт за топло чоколадо со вино!

Бритаснки научници тврдат дека чоколадото и виното не само што се корисни за нашето здравје туку и треба да се вклучени редовно во нашата исхрана. Ние со тоа се согласуваме, па пронајдовме рецепт на кој ретко кој ќе може да остане рамнодушен.

Потребни состојки: 1 чаша од вашето омилено црвено вино, 1,5 чаша млеко и 1/3 исецкано црно чоколадо.

Во ѓезве ставете ги млекото и чоколадото и соединете ги на оган со средна температура. Постојано мешајте додека чоколадото не се растопи и не добиете густа чоколадна смеса. Додадете вино во садот и повторно вратете го на огран. Послужете го топлото чоколадо од вино во интересна шојла и уживајте во специфичниот вкус.

Поврзани статии

Back to top button