ЖивотУбави совети

Децата не се воспитуваат со тепање!

Нова студија докажала постоење на уште една од бројните штетни последици од телесното казнување на децата.

Американското истражување на оваа тема покажало дека децата кои биле удирани од страна на родителите, без разлика на интензитетот со кој биле удирани или местото каде ги примиле ударите имаат понизок коефициент на интелигенција. Што повеќе биле удирани толку повеќе се намалувал IQ. Причина за намалувањето на нивото на интелигенција е стресот предизвикан од ударите.

Дури и самиот страв од тепање и заканите околу тоа влијаат на намалување на интелигенцијата. А, ако стравот и заканите продолжат и во тинејџерските години, последиците се уште поголеми.

Психолозите сметаат дека родителите не треба да ги удираат своите деца ниту да им се закануваат дека доколку не бидат послушни ќе добијат ќотек затоа што тоа е најпогрешниот начин на воспитување кој со себе носи низа на негативни последици кои се одразуваат врз правилниот психички развој на децата.

 

Поврзани статии

Back to top button