ЖивотУбави совети

Рецепт за посни колачиња

Во овој период од годината, кога во тек е пост и кога сите повеќе време поминуваме дома вкусни рецепти се едноставно добродојдени. За денес одбравме рецепт за бајадера колачи на чии вкус ретко кој ќе може да остане рамнодушен.

Потребни состојки: 500гр кафен шеќер, 200мл органско растително млеко од ориз или бадем, 1 коцка маргарин, 200гр мелени лешници, 500гр посни мелени бисквити, 100гр темно чоколадо за готвење и 2 супени лажици какао.

Подготовка: Во сад за готвење се ставаат оризовото млеко, шеќерот и маргаринот на тивок огран се додека маргаринот не се растопи. Потоа се трга од оган и се додаваат полека со мешање мелените лешници и бисквити. Смесата се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото. Другиот дел останува бел. Се става на намастен плех, прво темниот дел, па одозгора светлиот дел од смесата. Одозгора се става глазура од 100гр темно чоколадо за готвење и малку оризово млеко. Смесата се става во фрижидер за да се олади и да се стврдне. Пред служење се сечат коцки или правоаголници.

Поврзани статии

Back to top button