Рецепт за домашен леб кој го воодушеви светот – Не се пече во рерна – се подготвува во тавче!
Доколку сакате домашно тесто, еве рецепт за најмеката домашна погача од тавче. Нема ништо поубаво од тоа, кога вашата куќа мириса на домашен леб или погача. Рецептот е толку добар што ќе останете без текст кога ќе го пробате, навистина нема ништо подобро. За ова меко тесто потребни ви се 3 состојки и не е толку комплицирано за подготовка. Сепак, за оваа совршена погача не ви е потребна рерна, бидејќи откако ќе се замеси и остави да отстои, се прави во тавче. Пробајте го денес и уверете се зошто ова е најбараниот рецепт за леб во светот.
Состојки:
400 гр брашно
7 g сув квасец
200-220 мл вода
1 лажичка сол
2 лажички шеќер
Подготовка:
Се мешаат брашното, квасецот и шеќерот, па постепено се прелива вода, се промешува со рака, се додава малку сол, па се замесува поголемо топче. Тестото се става во сад, се прелива со малку масло, се покрива со плех и се остава да отстои околу 30 минути. Извадете го на работната површина, замесете малку, па ставете го во тавчето и оставете го да нарасне уште половина час. Друга тава подмачкајте ја со масло, па во неа префрлете го тестото, запечете малку, па со чинија завртете на другата страна и уште малку печете.