Убави книги и филмови

Релаксирајте се на квалитетен начин!

Правете работи кои ве радуваат, работи кои ве исполнуваат и надградуваат. Секогаш и секаде читајте. Одберете ја книгата која најинтересно ви делува и веднаш набавете си ја и поплнете си го слободното време оргинално.

Убави манири (Надежда Кљусева) Оваа книга е наменета на децата и младите кои штотуку стапуваат во вистинскиот живот и учат како да го социјализираат своето однесување, на вљубените кои стапуваат во брак или на оние кои се обидуваат да го прекинат, на родителите и наставниците, и на сите оние кои мислат дека советите не им се потребни или пак не сфаќаат дека со своето однесување ги повредуваат луѓето со кои доаѓаат во контакт.

Раскошни цвеќиња (Рут Подгорник Реш) Писателот ни ги открива тајните на градинарството и одгледувањето традиционални и новосоздадени цветни растенија. Влезете во богато илустрираната книга полна со совети за правилен избор на растенијата и инспирирајте се од практичните совети за уредување сопствена цветна градина.

Тишина (Сузан Кејн) Време е сите да слушнат. Време е да ја впрегнеме силата на интровертните. Време е за Тишина. Многу долго оние што природно се тивки, сериозни или чувствителни биле превидувани. Најгласните доминирале – дури и кога немале ништо да кажат.

Поврзани статии

Back to top button