Рамен стомак без вежбање? Возможно е!
Ако не успеавте да го подготвите телото за летото, не грижете се. Имаме неколку трикови кои ќе ви помогнат да го намалите стомакот и да изгледате послабо.
Најпрвин, исправете се и постојано одете исправени. Со секое исправање ги активирате стомачните мускули и вашата фигура изгледа складно, а стомакот – помал.
Внимавајте на количеството течности кои ги внесувате бидејќи во случај на дехидратација телото ги задржува течностите во организмот и изгледате како подуен балон.
Водете сметка за исхраната. Оброкот започнувајте го со супа, а треба да јадете и што повеќе овошје и зеленчук. Внесувајте и јаткасти плодови бидејќи помагаат при слабеење, здрави се и ве држат сити. Изџвакајте ја храната добро пред да ја голтнете. Консумирајте јогурт и павлака кои ја подобруваат работата на цревата и варењето на храната.
Утрото започнете го силно црно кафе без млеко. Кафето е диуретик кој ќе ви помогне да ги исфлите насобраните течности во организмот.
И секогаш, автомобилот заменете го со одење пеш.