Предлог книги за убав ден!
Три книги кои ќе ве остават без здив и ќе ги запаметите засекогаш.
Јас и ти (Кристан Хигинс) За љубов и брак треба двајца… Една грешка, еден катастрофален развод може да те натера никогаш повеќе да не веруваш во брак и вистинска љубов. Харпер Џејмс има работа во која е страшно добра, куќа на плажа која ја обожава и тип кој го посакува скоро секоја жена во градот. Да, добро, фатално скршеното срце ја прави ладна, крута и затворена, но вака барем никој не може да ја повреди. Таа сега знае дека бракот не се гради со љубов, туку со партнерство и разбирање, па не ѝ треба филмска љубов за да направи совршен план за животот. И нејзиниот план звучи солидно… сè додека нејзината полу сестра не ѝ соопштува дека ќе се мажи за братот на нејзиниот бивши маж. После толку долги безбедни години, Харпер на свадбата треба да го види човекот чија сама појава ѝ го превртува светот наопаку. Ник Ловери е маж кој многу добро знае како да ги добие и задржи работите што ги сака во животот. Освен една. Љубовта на неговиот живот која многу одамна му се лизнала низ прсти. Јас и ти е книга која веднаш ќе влезе во вашите топ десет омилени модерни романси.
Плачот на срната (Слаѓан Славенски) Тој е повлечен, талентиран сликар кој сè уште не е закрепнат од исчезнувањето на неговата блиска пријателка – која најверојатно е жртва на сериски киднапер во нивното мало гратче. Таа е црвенокоса убавица со проблематично семејство; живее единствено за својот мачор, музиката и книгите. Нивните меланхолични души се поврзуваат на еден необичен начин – чуден сон, префинето претставен на платно. Немаат никој друг близок во своите животи, но сето тоа се менува кога почнуваат подобро да се запознаваат, спријателуваат и вљубуваат… Но и покрај прекрасните чувства кои горат помеѓу нив, не можат да останат имуни на мистериозниот случај со исчезнатите девојки во нивното мало гратче, па наскоро се впуштаат во опасна истрага. Заплеткани во едно клопче од пресврти, многу емоции и возбудливи настани, средношколците се обидуваат да не потклекнат пред бурата што постепено се создава пред нивните очи. „Плачот на срната“ е дебитантско дело кое изобилува со богати метафори, речиси допирливи емоции и раскошни детали. Делумно мистерија, делумно љубовна приказна во која ќе уживате до последната страница.
Последната камелија (Сара Џио) Романтична и неизвесна приказна за две жени чии судбини се испреплетуваат низ годините. На работ на Втората светска војна, на еден имот во Англија, една личност го крие последниот опстанат примерок од ретка камелија по име Мидлбериска розова камелија. Флора, ботаничарка од Америка, ја контактира лидерот на интернационален синџир на крадци на ретки цвеќиња со понуда да се инфилтрира во куќата во Англија како дадилка и да дојде до реткото растение. Од чист очај, таа е принудена да ја прифати понудата, но приказната се заплеткува кога Флора почнува да се вљубува во еден член на семејството.Половина век подоцна, дизајнерка на градини, Адисон, престојува во англиската вила, која сега ја поседува семејството на нејзиниот сопруг, Рекс. Тие двајца имаат страст за решавање мистерии, која овде ја потпалува мистериозната камелија и еден стар градинарски дневник што го наоѓаат во куќата. Неговите страници упатуваат на нешто злобно скриено. Дали опасноста што некогаш ја демнела Флора сè уште е жива? И дали Адисон ја чека истата судбина?