Правилно негувајте ги дланките!
При извршувањето на обврските во домаќинството, особено оние во кујната, дланките често пати се третирани со индустриски препарати кои ефикасно ја отстрануваат нечистотијата од садовите и работните површини. Меѓутоа хемијата ја оштетува кожата на рацете па таа пука, станува рапава и сува.
Затоа, садовите мијте ги искучиво со млака вода. По чистењето на замастените површини – рацете убаво исчеткајте ги и измијте ги со сапун во топла вода на која предходно сте и додале една лажичка боракс. Потоа измијте ги во раствор од ладна вода и неколку капки сок од лимон. На крајот убаво исушете ги и намачкајте ги со дебел слој масен глицерински крем.
Темните флеки на дланките кои настануваат по лупење овошје и зеленчук можете да го отстраните со пилинг кои ќе си го приготвите сами од пченкарно брашно, со јак темен чај, со сок од лимон или сок од свежи доати.
Исто така, одлично средство за нега на дланките е белката од јајце изматена со неколку капки сок од лимон и колонска вода.