ЖивотУбави совети

Постојат ли сродни души?

Безброј книги и филмови зборуваат за сродните души, магијата на потрагата по нив и волшебниот момент кога ја сретнуваме нашата сродна душа, се вљубуваме на прв поглед, ни се случува љубов како од бајките и тоа трае засекогаш.

Но, се чини дека научниците сакаат да не одвратат од идејата за постоењето на сродни души и барањето на истите.

Познатата авторка која се занимава со проучување на љубовните односи, Ванеса Ван Едвардс вели дека луѓето кои стапуваат во врски може да ги поделиме во две групи: оние кои веруваат во идеален партнер создаден баш за нив, односно нивната сродна душа и оние кои не веруваат во тоа дека има сродни души туку дека има добри партнери, но каква ќе биде врската најмногу зависи од нас и колку труд даваме за истата да успее.

Според Едвардс, луѓето од првата група имаат поголеми шанси за разочарување во љубовта. Како што објаснува во својата студија, тие премногу се грижат околу проноаѓањето на сродната душа и дали токму нивниот моментален партнер е токму таа душа, додека пак луѓето од втората група размислуваат како да го подобрат својот однос. Првиот тип на луѓе имаат експлозивни и интензивни односи и емоции кои се со краток рок на траење, додека вторите градат доверба. Со други зборови, потрагата за сродна душа може да ги намали вашите шанси за квалитетна врска.

Со нејзиниот став се согласува и психологот Џереми Николсон кој во колумна за Psychology Today потенцира дека барањето на сродна душа е залудно. Според неговото мислење и искуство, оние кои сакаат долготрајна врска мора да размислат за тоа колку се подготвени да се соочат со реалниот живот, проблемите кои ќе наидат и ситуациите во кои и да сакаме, нема да можеме партнерот да го гледаме како принц на бел коњ. Тој смета дека ако двете страни се трудат, вложуваат во врската и секој ден се трудат да биде се подобра тогаш ќе ја создадеме сродната душа, наместо да ја бараме и можеме да создадеме врска која има потенцијал да трае се додека сме живи!

 

Поврзани статии

Back to top button