Од васУбави муабети
Помеѓу вдишувањава те чувствувам…
Сѐ уште постоиш како ѕвездена прашина падната на моите капаци.
Не тежиш…
Само ми помагаш лесно да ги затворам очите…и да сонувам.
Сѐ уште некаде во некои соѕвездија даваш светлина, помагајќи им на сите оние ѕвезди кои згаснуваат.
За последен пат да заблескаат.
Да покажат дека биле.
Дека постоеле некогаш.
Помеѓу вдишувањава те чувствувам.
Сѐ уште ми го гребеш грлото како неизкажани зборови.
Те сакам
Те сака
Те сак
Те са
Те с
Сѐ уште сѐ исчезнува.
Мислата заплеткана како јазик, кој не го допира непцето за да испушти звук.
Како да не постоеле времиња, прегратки, суштина.
А ти?
Сѐ уште си ми ѕвездена прашина, распослана низ душава.
Само ти траеш.
Само ти…остануваш.
Маја Спасовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk