ЖивотУбави совети

Подгответе пилешко месо на тајландски начин

Овој рецепт е вкусен, здрав и доста брз за подготовка и е спас кога сакате убав ручек, а немате многу време.

Потребни ви се следниве состојки: 300 гр. пилешко филе исечено на коцки, 1 главица лук, 2 лажици листови од босилек, 1 пиперка, по желба може и чили пиперче, една лажица масло, а за сосот потребни ви се 4 лажици соја сос, 1 лажица шеќер, малку сол, црн бибер и 2 лажици вода.

Сите состојки за сосот помешајте ги во една чинија. Во тава загреана со масло ставете ги лукот и пиперката и малку пропржете ги. Додадете го пилешкото и пржете се додека треба. На крај, додадете го сосот и оставете да се соединат. Тргнете од оган и сервирајте со листови босилек.

Поврзани статии

Back to top button