Убави книги и филмови

Петок ден за книга – Арс Ламина наградува!

Вторнични жени“ е хит-роман во издание на Арс Ламина напишан во лесен и комичен стил. Во романот се зборува за пет пријателки кои секој вторник во месецот се сретнуваат во нивниот омилен бар: успешната, елоквентна адвокатка Каролине, пречувствителната и по малку драматична Јудит, Ева, посветената мајка на четири деца со расеани професионални амбиции, постојано заљубената и секогаш добро расположена Кики, која го чека пробивот во дизајнерската кариера и Естел, гламурозната сопруга на фармацевт, со својот преполн ормар облека и исклучително остар јазик. Еднаш во годината, петте жени организираат заедничко патување, иако оваа година сѐ е поинаку – Јудит тукушто стана вдовица. Секоја година петте жени имаат некаква заедничка авантура. Преведен на повеќе од 15 јазици, овој роман во Германија е продаден во повеќе стотици илјади примероци.

Поврзани статии

Back to top button