Од насУбави муабети

Откажувањето не е опција!

Понекогаш животот не става на тест. Некогаш за да научиме нешто ново, а почесто за да видиме дали претходната животна лекција сме ја научиле темелно. Да види дали нешто знаеме или само устата говори и што умот не мисли. Да види како во пракса ни оди она за што во теорија сме многу јаки. Има доволно теоричари, потребни се и практичари.

Некогаш животот ги тера среќните да заплачат на свадба, а тажните да се радуваат на погреб. Секоја нова лекција, секогаш доаѓа во поинакво руво, на почеток поинтересна наликува од предходната, но, крајот секогаш не смее да биде ист, оти повторно и повторно ќе ни се враќа. Едноставно животот е чудо. Понекогаш не тера да правиме работи за кои не сме ни помислиле дека сме способни да ги направиме.

Е, мој животе, толку многу лекции ми понуди, ме научи, ме зајакна, ме сруши и одново ме воздигна. После секоја завршена со раширени раце чекам нова, оти верувам во себе, верувам во среќата, вреувам во својата истрајност и способност. Што и да ми дадеш јас вака или онака на рамената ќе го донесам. Ти си најдобриот професор, ти точно знаеш кому што можеш да подариш, кој со што умее да се носи, кој колку може да издржи. Изгледа време ми требаше, многу време да сфатам дека треба да сум ти благодарен а не да те мразам и преколнувам за секоја нова лекција. После секоја јас сум се побогат и поумен. Јас умеам и можам се да пребродам, на една иста лекција повеќе од два пати не смеам да се лизнам. Светла точка секогаш на крајот гледам. Не се откажувам и не бегам. Еден си ми, живот мој си ми, ти благодарам за се досега!

Поврзани статии

Back to top button