Од васУбави муабети

Толку бездушно се обидувам да те задржам…

Те знам многу животи.
На чинот кога светот се создаваше,
ти влезе како универзум во мојата душа.
Чекајќи да се родам,
Јас бесконечно пати воскреснував во твојот насмев,
за инает на оние кои се обидуваа да ме повлечат во безнадеж,
постоев само за твоите воздишки.
И болки преживувам кога те нема,
како за убав ден на трпеза си го распостилам срцето,
секој пат од него гребам недостиг за да ме засити од вечната потреба за тебе.
Се појавуваш како приквечерие со распослана завеса од страст.
Телово ми го покриваш со желба
А врие крвта…
Посегнувам со рацете по тебе,
да те заштитам во прегратка
а твојот мраз ми ја смрзнува солзата тргната да се излее…
Ноктите ги забодувам длабоко
во животните линии на дланките…
Знам ќе си одиш;
толку силно ги стегам,
толку проклето се плашам,
Толку бездушно се обидувам да те задржам…
Си одиш.
Со себе ми ја носиш душата…
А јас, исчезнувам во бескрај.
Не гледаш,
толку пати ти имам умирано пред очи…не чувствуваш…

Автор: Маја Спасовска

Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button