Од денеска да јадете малку повеќе масти!
Мастите, како сите други нутриенти, се важен дел од здрава и урамнотежена исхрана. Објавени се резултатите од последното истражување во кое учествувале над 100.000 луѓе од 18 земји во светот. Едниот дел од нив биле на исхрана со ограничен внес на масти, а другите имале ограничен внес на јаглени хидрати.
Еве што заклучиле: Кога некои нутриенти ќе се отфрлат или ќе им се ограничи внесот, доаѓа до дисбаланс во исхраната. Групата луѓе што јаделе малку масти покажале значителен пораст на ризик буквално од сите заболувања, вклучувајќи срцев удар и болести на срцето. Оние што јаделе помалку јаглехидрати не покажале поголем ризик. Всушност, биле во посигурна зона. Мастите така, по многу мудрување и филозофирање, одеднаш повторно станаа нешто што мораме да го јадеме. Имајте в предвид, постојат здрави и нездрави, но никако не треба да се исфрлат од исхраната. Имено, според тврдењето на лекарите, мастите ни помагаат полесно да ги апсорбираме витамините и минералите, а потребни ни се и за правилно згрутчување на крвта. Затоа, од денеска јадете доволно масти!