Овие четири хороскопски знаци најспоро и најтешко е да ги освоите
Постојат луѓе кои ектремно брзо влегуваат во врска, се заљубуваат неколку пати дневно, и оној момент штом адреналинот исчезне тие бараат нова доза на адреналин во нова врска.
Од друга страна многу се и оние кои се внимателни, и своето срце не го даваат толку лесно и без претпазливост. И тоа може да биде лошо за нив, да го изгубат вистинскиот човек само поради фактот дека премногу анализираат и внимаваат.
Четири знаци кои се родени да ја кочат љубовта на самиот почеток се: Водолија, Девица, Рак и Јарец.
Ракот е најголемиот емотивец, кој од почетокот до крајот на животот се потпира на своите емоции и во исто време постојано ги контролира и спречува.
Јарецот не умее да верува во себе па ни во другите. Често пати си дава простор да се одврати сам од љубовта само од страв да не биде разочаран и напуштен.
Девицата анализира и троши сила на непотребни работи. Во совршеното таа ќе најде нешто несовршено и силно ќе се закачи за таа негативност само за да избегне поблиска врска.
Водолијата сака љубов и заљубени лица, но само на туѓи лица. Кога треба да се поврзе со некој таа е најуплашената личност на светот. Се плаши дека љубовта ќе и ја загуши слободата и ќе и го расипе мирот кој секогаш во себе го има.